Нефи Усеини претепал 56-годишен сограѓанин
Советникот Нефи Усеини од ДУИ одново натепа сограѓанин во Охрид, додека ја чека пресудата за тепањето на сограѓанинот Спиро Топаловски. Во изминативе три години, ова е негова четврта физичка пресметка.
Според информациите кои ги објави „А1он“, инцидентот се случил во просториите на Општина Охрид. Таму, советникот Усеини се пресретнал со 56-годишниот натепан охриѓанец. Откако ги земале бројчињата за во системот за наддавање за тезгите поставени на кејот, дошло до вербална
расправија, а потоа и боксови. Дека Усеини го натепал 56-годишниот сограѓанин, се потврдува и од охридската полиција.
„На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од охридската полиција.
Новиот инцидент каде Усеини физички се пресметува доаѓа во исто време додека тој чека пресуда од охридскиот суд за насилство. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, поради кое се гонат за насилство е во судска завршница.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи