Недостиг на гориво во Словенија
Министерот за стопанство Матјаж Хан изјави дека инспекторите го проверуваат работењето на бензинските пумпи, иако дистрибутерите на нафта велат дека повремениот недостиг на одредени горива во последните денови не е сериозен знак дека трговците чекаат нови, повисоки цени.
„Во Словенија има доволно гориво, нема страв дека ќе исчезне и јавноста може да биде мирна“, рече Хан на прес-конференција.
Коментирајќи ја големата побарувачка и гужвите на бензинските пумпи во последните денови, пред поскапувањето кое ќе стапи во сила од вторник, Хан рече дека побарувачката на гориво за неколку дена е двојно зголемена. Тоа што на некои бензински пумпи немаше ниту дизел, ниту бензин, па тие беа привремено затворени, е последица на логистичките проблеми и големиот транзит на туристи и транспортери низ Словенија, рече тој.
„Стоковите резерви на нафта се полни, но во моментов нема потреба да се пласираат на пазарот бидејќи нема сериозни нарушувања на пазарот“, рече Хан.
Доволно гориво треба да обезбедат дистрибутерите кои моментално се соочуваат со логистички проблеми при испораката.
И покрај тоа, и поради критиките во јавноста дека дистрибутерите создаваат вештачки недостиг во пресрет на значителното поскапување на мало, кое ќе стапи на сила од вторник, Хан рече дека инспекциските служби на терен проверуваат дали имало неправилности.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
