Неделава потопло, температурите над 40 степени
Потопло време со температури над 40 степени, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува во текот на оваа недела.
Денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во источните делови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
Температурата ќе достигне до 39 степени.
Земјава ќе биде под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури, кои во поголем дел од земјава ќе бидат над 35 степени, а во југоисточниот дел ќе достигне до 39-от степен.
Особено топло се очекува кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени.
Се уште важат препораките за бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години да се ослободени од работните обврски. А работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници на отворено при што да се избегнува во периодот од 12 до 17 часот.
Поради топлото време воведена е и ограничување на движењето во шумите и шумските појаси во период од 7 до 17 часот.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот