Неделава меѓународните кредитори ќе отпатуваат во Атина

Тим на меѓународните кредитори во текот на оваа недела ќе отпатува во Атина, на преговори за преразгледување на спроведните реформи од страна на Грција во рамки на програмата за спас, соопшти денеска Европската комисија.
Како што јави ДПА, согласно договореното Грција треба да спроведе радикални реформи на пазарот на трудот, на пензискиот систем, како и на колективните работнички договори, за да може да ја добие следната транша од средствата предвидени со планот за спас.
Во соопштението на ЕК се наведува дека претставници на Европската комисија, на Европската централна банка (ЕЦБ), на Европскиот стабилизациски механизам и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Атина ќе се сретнат со делегација на грчката Влада, за да разговараат за спроведувањето на договорените реформи.
Меѓу спорните теми на разговорите се очекува да биде и предлогот за намалување на нивото за оданочување на приходите од сегашните 8.636 евра годишно на 6.000 евра.
Од 2010 година, па досега, меѓународните кредитори на Грција и одобрија три пакети со финансиска помош. Последниот, трет пакет на помош во висина од 86 милијарди евра на Грција и беше одобрен во јули 2015 година.
Од оваа сума, досега кредиторите на Грција и исплатија 31,7 милијарди евра. Исплата на следната транша од помошта ќе зависи од резултатите од преговорите најавени за оваа недела во Атина.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
