-->
-->
Неделата за грижа на стари лица одбележана во Велес
-->
Под мотото „Сите сме нивни деца“ Општина Велес, Советот на млади и Здружението на пензионери ја одбележаа Неделата за грижа на стари лица.
Нивни претставници денеска имаа средба со стари лица во велешките села Кумарино, Отовица и Сујаклари и им поделија хуманитарни пакети со прехранбени производи.
Посетата во селото Отовица беше реализирана во Клубот на пензионери кој годинава беше реновиран, а во селата Кумарино и Сујаклари старите лица беа посетени во нивните домови.
При посетата беше и велешкиот градоначалник Славчо Чадиев кој ги сослуша и разговараше за нивните потреби и барања.
Во изјава за медиумите Чадиев истакна дека хуманитарната помош е симболична, но она што е поважно е да се испрати пораката дека треба да се грижиме за старите лица.
- Впрочем, и мотото на акцијата „Сите сме нивни деца“ го покажува тоа. Едноставно е потребно да им ја вратиме грижата која тие ни ја давале. Ние како Општина Велес имаме и проект за активно стареење, со кој ја промовираме меѓугенерациската соработка, рече Чадиев.
Организаторите најавија дека вакви посети на стари лица во велешките села ќе имаат континуирано и во наредниот период.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата