Недела на шпански филм во Битола

Амбасадата на Кралството Шпанија во соработка со НУ Центар за култура вечер во Битола ќе ја отворат културната манифестација „Недела на шпанскиот филм“.
Серијалот проекции ќе почне со филмот „Како да се биде нормална личност“, а ќе заврши со филмот „Животот продолжува“ кој ќе биде емитуван на 2 декември.
-Отворањето на филмскиот циклус ќе го означи шпанскиот амбасадор во земјава Емилио Лоренцо Сера, а на свеченото отворање ќе претходи промоција на изложба на фотографии на тема „Шпански градови со светско културно наследство“ која ќе биде поместена во фоајето на НУ Центар за култура-Битола, информираат од тамошната национална установа.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии од шпанските градови Алкала де Хенарес, Авила, Баеза, Касерес, Кордоба, Куенка, Ибица, Мерида, Саламанка, Сан Кристибал де ла Лагуна, Сантијаго де Компостела, Сеговија, Тарагона, Толедо и Ибеда, додека на филмското платно ќе бидат емитувани и филмовите „Апостол“, „Дождот исто така“, „Црн леб“ и „Мартин (јуниор)“ за кои е обезбеден превод на македонски јазик.
Ново на Сител
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
-

Претседателот на Уставен итно да поднесе оставка – албанските партии со жестоки реакции
-

По скоро две децении запуштеност, започна реконструкцијата на салата при УКИМ
-

Крива Паланка и Ќустендил иницираат збратимување и засилено партнерство
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
