-->
-->
Неда Украден проговори за тоа дали е сираче од Ресен посвоено во Далмација
-->

Работам како пејачка, но и како менаџер, пи-ар, шофер и стилист. Работам и дома како секоја нормална жена. Најмалку време поминувам во козметички салони. Од пред една година имам и сопствен салон за убавина со кој управува ќерка ми, но најмалку ќе ме видите таму.
Tоа, нормално не значи дека не сум негувана. Пред сѐ, водам сметка за исхраната. Одлично готвам, ја сакам далматинската кујна бидејќи таму сум родена – објасни таа.
Пред три години кога се натпреваруваше во шоуто „Твоето лице звучи познато“ за „Дневник“ изјави дека подолг период ја нема посетено Македонија и дека навистина и недостасува нашата публика.
Порано често доаѓав во земјата во која имам само убави спомени, турнеи, концерти, многу фанови и пријатели. Имам семејни пријатели и многу драги соработници. Мојата љубов кон македонската музика е позната. Едно време дури ме следеа трачеви дека сум сираче од Ресен и дека сум посвоена од моите родители – се пошегува Неда.
Во истото интервју откри дека никогаш не сонувала да биде пејачка, дека толку долго ќе биде популарна.
Се образував за сосема други работи. Немам соништа. Желбата за големо семејство ми ја оствари мојата Јелена и сега само посакувам здравје за себе, за моите најмили и за сите луѓе и што подолго да уживаме во животот – изјави таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар