Живот
31. January 2016 - 13:24

Небесни погреби – традиција, контроверза и... туристичка атракција

Национална географија - Вашингтон

Во некои делови на Азија веќе со векови опстанува несекојдневен обичај: телата на починатите се изложуваат за да ги привлечат мршојадците. Како е можно ова да станало туристичка атракција?

Откако ќе умре некој мештанин, локалните монаси го поставуваат неговото тело на врв на планина во седечка положба. Набрзо слетуваат мршојадци и гозбата почнува.

Во Монголија, Бутан, Непал и во некои други делови на Индија како Сикима и Занскара, колку и да делува ова сурово за западниот свет, се смета за одличен начин да се укаже на минливоста на животот. Тибетските свештеници веруваат дека ова е многу великодушен чин кон умрениот бидејќи и тој и неговите роднини живееле обидувајќи се да обезбедат храна, за чие благодарение постои животот.

Најстариот пишан запис за овој обичај може да се најде во „Тибетската книга на мртвите‟. Комунистичката влада на Кина и Монголија во минатото оваа традиција ја третирале како примитивно суеверие, а Кина ја забранила кон крајот на 60-тите години од минатиот век (по Културната револуција), што траело до 80-тите години. Меѓутоа, небесните погреби и понатаму се одржувале во руралните средини.

Меѓутоа денес има се помалку вакви погреби, од повеќе причини. Најчести причини се забрана за одржување на небесни погреби во близина на урбани средини и фактот дека во некои области бројот на мршојадците се намалува. Таму каде има мршојадци се случува тие многу лошо да реагираат откако ќе ги изедат остатоците од човек кој користел лекови и средства за дезинфекција.

Интересно е дека оваа традиција станала своевидна туристичка атракција. Кај Будистичкиот Институт „Ларунг Гар‟ во близина на Сертара во Сичуан, направен е „Храм на смртта‟за да се привлечат туристи од цела Кина. Посетителите на небесните погреби често го фотографираат и го снимаат овој чин.

Тибет, исто така е многу популарна дестинација за набљудувачите на небесните погреби. Како што можеме да видиме во дел од документарниот филм на Расел О. Буш „Мршојадците на Тибет‟, честа е глетката на туристи кои застануваат монах додека тој се подготвува да спроведе ритуал, со цел да го фотографираат, луѓето плаќаат да видат како мршојадци парчосуваат човечки останки, се буткаат за да го снимат тој чин од што подобар агол.