Небензја: Скрипал не е закана, нема британски список
Поранешниот полковник на руската военоразузнавачка агенција Сергеј Скрипал не претставувал закана за Русија, рече рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја на синоќешната отворена седница на Советот за безбедност на ОН на која се дискутираше за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија.
- Верзијата за инцидентот што ја шири Британија наведува дека Русија никогаш не му простила за предавство и одлучила да го елиминира. Во меѓувреме, совршено е јасно дека човекот не можел да претставува закана за Русија, рече Небензја.
Тој исто така нагласи дека Лондон против Москва води пропагандна војна без никакви правила.
Небензја додаде дека Скрипал живеел во Британија од 2008 година и праша зошто Русија толку би чекала да изврши напад врз него, до пред изборите во Русија и одржувањето на Светското фудбалско првенство.
Небензја коментираше дека сосема се неморални сите споредувања на фудбалското првенство во Русија со Олимпијадата во Берлин 1936 на која, како што рече, за разлика од СССР, учествувале спортисти од Велика Британија.
- Главниот аргумент на британската страна - руското потекло на нервниот агенс се распадна на парчиња благодарение на изјавата на претставникот на британскиот воен истражувачки центар, рече Небензја.
Тој додаде дека има цела низа неразјаснети прашања, меѓу другото и тоа како е можно, ако е користен толку силен нервен агенс, Скрипал и неговата ќерка да останале во нормална состојба уште неколку часа додека полицаецот кој им помогнал веднаш ја загубил свеста.
Според него, единствено објаснување е дека веднаш им е даден противотров. Тој потсети и дека местото на нападот било неколку километари од центарот на Портон Даун каде се вршат истражувања на хемиско оружје.
Небензја исто така ги отфрли тврдењата на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон дека постои список на прашања кој Британија и го доставила на Русија, додавајќи дека ситуацијата е сосема поинаква.
- Нема никаков список, ниту го имало. И се обраќам на британската страна, ако сакаат нека ги постават тие прашања, само немојте како прашања да наведувате обвинувања и барања да признаеме вина, а кои се кажани во духот на ултиматум, подвлече Небензја.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот