Не треба да бидат редуцирани финансиските средства од додатоците на здравствените работници, смета Сали
– Здравствените работници ја заслужуваат целата наша почит и во ниеден случај не треба да бидат редуцирани финансиските средства од нивните додатоци, како што се надоместоците за дежурства и ноќен труд, смета министерот за здравство Беким Сали.
Од Министерството за здравство соопштија дека нивен став и став на Владата е дека не се планира воведување проекти за плаќања по учинок, особено поради фактот што овој тип на проекти во минатото се покажаа како целосно неуспешна реформа.
Министерот и заменик-министерот за здравство, заедно со претставници на двата синдиката за здравство, како и претставници од Лекарската комора и Здруженијата за медицински сестри, овие ставови ќе ги претстават и пред Фондот за здравствено осигурување и Министерството за финансии, со цел да се приоретизира ова прашање, односно да се изнајдат средства за покачување на платите, со особен осврт на медицинските сестри и другите здравствени работници и соработници со средно образование, информираат од Министерството и посочуваат дека сите напори континуирано ги насочуваат кон афирмација и унапредување на статусот и улогата на здравствените работници во општеството.
Изминатите три години здравствените работници и здравствените соработници, посветено и со натчовечки напори работеа на браникот на ковид пандемијата, пружајќи помош и борејќи се за здравјето и животот на секој пациент, истакнуваат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ