-->
-->
Не се водат разговори со БЕСА и ДПА за влез во Владата
-->
Не се водат разговори со БЕСА и Демократската партија на Албанците за нивни влез во Владата, потврди денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
По денешниот редовен брифиг со новинарите, портпаролот Бошњаковски рече дека не се водат преговори за ова со ДПА, ниту пак со БЕСА.
Вчерашната средба на премиерот Заев со лидерот на БЕСА, Билал Касами била во насока на поддршка на БЕСА за пакетот реформски закони кои треба да бидат изгласани во Собранието на Република Македонија. Од страна на БЕСА е потврдено дека ќе дадат поддршка на сите реформски процеси коишто ги води Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар