Не се тресе само Македонија, серија земјотреси и на Тибет
Два земјотреса со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во јужниот дел на Тибет, јави ТАСС.
Првиот потрес бил во 9:48 часот по локално време во округот Тингџе, а вториот околу 15 минути подоцна во округот Тингри.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Вчера Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет потврди дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, регистрираа серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 90 км југозападно од Скопје и потекнуваат од епицентралното подрачје Илинска – Плакенска Планина.
Како што информираат, три од овие земјотреси беа почувствувани и тоа првиот во 18 часот и 33 минути и беше со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала и вториот земјотрес во 18 часот и 41 минута со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Двата земјотреса беа почувствувани во епицентарот со интензитет од VI степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, а во Охрид и Крушево со интензитет од V-VI степени, Прилеп, Битола и Дебар со V степени, Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Св.Николе со IV степени според истата скала.
Третиот земјотрес во 19 часот и 16 минути беше послаб, односно со Рихтерова магнитуда од 4 степени, а беше почувствуван со интензитет во епицентарот од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, Охрид и Крушево со интензитет од III степени според истата скала.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот премиер ќе работи „до последен момент“ додека се зголемуваат повиците претседателот да поднесе оставка
-
Швјонтек ја отпушти својата менаџеркa по допинг скандалот
-
Мисајловски на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба во Тирана
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година