Не оваа, туку следната недела ќе се објави пакетот за антикризни мерки
Доцни пакетот антикризни мерки. Најавен за почетокот на ноември, па прологиран за до крајот на неделева, министерката за труд денеска вели дека помошта за граѓаните ќе биде објавена наредната недела. Што ќе содржи – не открива. Ќе бидат опфатени голем број граѓани, пензионери со ниски пензии, но ќе се помага и бизнисот.
Во вторник ќе има информација што се содржи новиот пакет антикризни мерки. Веќе е закажана седницата на влада, ќе има мерки за голем број граѓани, за приватниот сектор., така да во вторниќ ќе знаете што се ќе содржи изјави Јованка Тренчевска, министер за труд и социјална политика.
Во буџетот за оваа година предвидени се 75 милиони евра за антикризни мерки, а за следната 55 милиони, пари кои пред се ќе бидат наменети за продлжување на субвенциите на сметките за струја.
За разлика од кај нас, каде помошта се најавува 3 месеци, а се уште не е донесена, соседна Србија денеска ја ограничи цената на лебот и на нафтените деривати до 31 декември. Ќе им се исплаќа еднократен надомест на корисниците на социјална помош, додаток на помош и нега на туѓо лице, а ќе има и посебни парични надоместоци за над 200 илјади граѓани.
-
Наташа Мересовска
Сите содржини од овој новинар