Не оставајте ја чантата на подот, не фрлајте ѓубре пред пат, не сечете нокти навечер – еве зошто!
Погледнете кои се најпопуларните суеверија и што е нивното значење. За разлика од скршеното огледало, за кое се верува дека води до загуба на пријател или 7 години несреќна љубов, кршењето на чаша или чинија е среќа. Ако случајно се сопнете со левата нога , додека одите, очекувајте да ви се случи нешто убаво. Со десната бидете подготвени за проблеми.
Ако ве чеша левата рака, ќе земате пари. Ако е десната – ќе давате. Кога на пролет првпат ќе ја чуете песната на кукавицата , треба да се фатите за паричникот. Така ќе биде плодна целата година. Излегувате од дома, па сфаќате дека сте заборавиле нешто. не се враќајте бидејќи ќе ве прати малер во текот на денот.
Никогаш не отворајте чадор дома . Причина – не било убаво.
Лоша среќа е, ако ги сечете ноктите доцна навечер.
Ваш близок ќе се разболи ако го превртите лебот.
Кога на вас, или на некој близок му претстои патување , не се исфрла ѓубрето пред да замине за да нема инциденти.
Не пеј, додека си на маса – ќе те снајде несреќа.
Не оставајте ја чантата на подот, бидејќи парите ќе ви избегаат од неа.
Не го оставајте последниот залак леб на масата и не ги тресете рацете од трошките, бидејќи така си ја фрлајте среќа.
Ако стоиш на аголот на масата, нема да се омажиш/ожениш или нема да те сака свекрвата ( за девојки).
Ако за време на оброк од масата падне нож, очекувај да ти дојде на гости маж. Ако ви падне вилушка или лажица – ќе ве посети жена.
Ако кивнеш, значи некој те спомнува во разговор. Ако икате тогаш некој мисли на вас.
Ако ве полази пајак, очекувајте наскоро гости.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019