Живот
12. March 2018 - 23:42

Не насетил дека ова е неговата последна снимка: Патник ги снимил последните моменти пред падот на хеликоптерот во Њујорк

Еден од патниците кои трагично настрадаа во падот на туристичкиот хеликоптер во реката Ист Ривер во Њујорк ги снимил последните моменти од несреќата.

Тој и останатите четворица патници загинаа, додека пилотот успеа да се спаси. Хеликоптерот превезувал патници кои сакале да разгледуваат и да го фотографираат градот од воздух.

Видеото на Инстаграм го објави Тревор Кардиган непосредно пред смртта. Ова 26-годишен фотоград од Далас во видеото прво се снимил себеси и сопатниците, од кои еден држи кренат палец. Краткото видео после кое ја прикажува реката, мостот преку неа и залезот на сонцето.

Семејството на Кардиган рече дека Тревор се доселил во Њујорк пред само неколку месеци. Останатите настрадани патници се њујорчаните Тристан Хел (30), работник во туристичка агенција и Даниел Томпсон работник во хеликоптерската компанија, потоа пожарникарот Брајан Мекеданиел (26) од Далас и Карла Валехос - Бланко (29) од Аргентина.

Пилотот Ричард Ванц (33) во меѓувреме во полиција рече дека можна причина за падот е тоа што багажот на еден од патниците го притиснал копчето на вентилот за итен прекин на доводот на гориво при нужда.

Поради несреќата сенаторот на државата Њујорк Чак Шумер ги повика американските сојузни власти привремено да ги запрат летовите на компанијата чија хеликоптер се урна во Ист Ривер во Њујорк при што загинаа пет патници.

Тој од американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) побара суспензија на дозволата за летање на компанијата „Либерти хеликоптерс“ додека не се разјасната околностите за падот на хеликоптерот.