„Не ме фарбај“: Бојата се чисти, но срамот не!
Вандализираните културни обележја кои изминативе неколку недели беа уништени со боја од страна на демонстрантите на Шарената Револуција организирани од СДСМ и Сорос, денеска се чистат од страна на службите на Град Скопје.
Бојата излегува тешко, за она што е уништено ќе биде потребен труд и време за да се доведе до нормален изглед, а токму затоа десетици граѓанки излегоа да им помогнат на службите во чистењето на спомениците во главниот град.
-Ова е спонтан собир на група жени кои што сакаат да дадат допринос на Град Скопје, во чистењето на спомениците кои што беа оштетени од страна на вандалите.
Жените на себе носеа маички со пораката „Не ме фарбај“ а испратија уште една порака.
-Пораката до сите е да не се оштетува културното наследство она што треба да остане за понатамошните генерации. Спомениците се за нас и за странците кои доаѓаат да ги видат. Градот треба да биде убав и чист.
Покрај спомениците во Жена Парк се чистеше и Порта Македонија, како и лавовите на мостот „Гоце Делчев“.
-Тука сме до го исчистиме она што се случува денеска со спомениците. Ние како граѓани на Република Македонија не го одобруваме ова. Сепак нешто убаво е направено, нешто со кое што ние Македонците се гордееме.
-Сакаме да го исчистиме тоа што некој наши сограѓани, ако можеме да ги наречеме сограѓани, го уништуваат. Го уништуваат убавото во нашиот град.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами