Не го дава братчето на никого, ова е најслаткото видео во 2015 година
Некои деца стануваат љубоморни кога ќе добијат брат или сестра, но ова дете чија мајка неодамна се породила е во потполност посветенo на неговиот брат.
Емили Мејтуз (24) објавила видео на својот Фејсбук профил на кое нејзиниот тригодишен син Вејлон го држи во раце својот помлад брат Лолес. Вејлон го гали неговот братче старо девет недели одбивајќи да и го врати на неговата мајка.
На видеото кое има повеќе од 61 милион прегледи Емили го прашува Вејлон дали може да го земе неговиот брат а тој категорично одбива.
Видеото е поставено уште во октомври, но дури сега стана популарно откако неколку од нејзините пријатели го споделија јавно. Во почетокот таа била загрижена поради големата популарност на видеото, иако е убедена дека ова е едно од најубавите видеа кое заслужува да биде објавено.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
