-->
-->
Не е шега: Во пивото има состојка која помага во слабеењето
-->
Кога се во прашање здравствените бенефити и алкохолот, црвеното вино кое е богато со антиоксиданси добива најмногу заслуги.
Пивото пак, кога се прашање јахлехидратите, калориите и влијанието на телесната тежина е познато како „течен леб“, па така за љубителите на пивото велиме дека имаат „пивски стомак“. Но, тоа има и позитивни страни – помага во превенирање на создавање на бубрежни камчиња, ги јакне коските и помага во варењето на храната.
Неодамна научниците откриле уште една здравствена предност на пивото – тоа содржи органско соединение познато како каснтохумол, флавоноид кој природно го има во хмељот и кои може да помогне во губењето на килограмите и борбата против дебелината.
Тестовите покажале дека тој помага во намалување на холестеролот и нивото на шеќерот во крвта.
Не, пиењето пиво нема да ви помогне да ослабнете, бидејќи една кригла пиво содржи 0,0757 милиграми каснтохумол, а за да ја внесеме потребната количина која ни е потребна за слабеење треба да испиеме 3.500 кригли дневно.
Истражувачите наведуваат дека во иднина може да се креира концентриран облика на ксантохумол во суплемент кој може да се користи во третирање на метаболичкиот синдром и намалување на факторите на ризик од срцеви заболувања, дијабетес, срцеви удари…
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје