Свет
9. January 2019 - 15:03

Не е ниту Алјаска, ниту Сибир туку Израел: Погледнете како оваа медитеранска земја ја окова снег

Зимската бура предизвика големи непријатности во Израел, а ширум светот паднаа по неколку сантиметри снег.

Висината на снежната покривка на планината Хермон надминува еден метар.

На снимката која се појави на социјалните мрежи, многумина не можеа да поверуваат.

„Алјаска? Сибир? Антарктик?“, гласеше еден коментар.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Svetlana Shvedkina (@shvetka74) on

Колебањата во температурите во Израел се чести, посебно во текот на зимата кога во повисоките планински предели дуваат силни ветрови, па е многу голема реткост да падне снег.

Во Израел преовладува медитеранска клима со долго и топло лето, и кратка, студена и врнежлива зима

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kol Israel (@lavoixdisrael) on

Во околината на градот Биршеб и северот на пустината Негев доминира клима со жешки лета и студени зими, но со помало количество врнежи отколку на Медитеранот.