Не, ако голтнеш мастика нема да остане 7 години во цревата
Додека сме биле деца, сме слушнале разни приказни за тоа што би можело да ни се случи ако голтнеме гума за џвакање. Од митот дека може да ни остане во стомакот до седум години, па се до митот дека може да имаме проблеми со цревата.
Екипата од Вандерполис се одлучи да истражи што всушност се случува во нашиот систем за варење кога ќе голтнеме гума за џвакање. И излегува дека нашиот систем за варење ја обработува како и секоја друга храна. Шеќерот или засладувачите веднаш се разложуваат додека останатите материи се варат па нашиот организам од нив ги зима хранливите материи, ако ги има, а остатокот го исфрлува од телото.
Гумата за џвакање не се задржува во нашето тело, само нејзината база т.е. ресинот, нешто побавно се вари, бидејќи нејзините материи се по отпорни. Лекарите проценуваат дека всушност на телото му требаат околу 48 часа таа мастика да ја исфрли од системот за варење.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути