НБРМ издаде кована пара за колекционерски цели со „Мајка Тереза“

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек кована пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“.
На аверсот на ковата пара во централниот дел е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.
Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм. Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500,00 денари.
Народната банка ја издава оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица предвидено за септември оваа година.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
