НБРМ: Банките во Македонија имаат добар систем за спечување перење пари

Народната банка на Република Македонија верува во системот за контрола на банките. Досега нема наоди за незаконски дејствија, но од НБРМ сметаат дека доколку има индиции за некои сомнителни сметки од Македонија во Панама во наредните контроли што ги вршат ќе се посвети повеќе внимание и ќе се земат предвид тие трансакции во репрезентативниот примерок.
Од НБРМ истакнуваат дека банките имаат добра инфраструктура, односно системите за спречување перење пари и дека доколку тие функционираат нема можност да помине некоја трансакција незабележана.
НБРМ прави еднаш во годината редовна контрола на репрезентативен примерок во банките, во кој се земаат предвид и големите трансакции, а врз основа на спроведените контроли на примероците велат дека трансакциите се во ред.
Појаснуваат дека задачата на Народната банка е да следи дали банките имаат добри системи за спречување перење пари, а постапувањето по сомнителни трансакции доколку ги има е на Управата за финансиско разузнавање.
- Задачата на НБРМ е да обезбеди банките да имаат системи за намалување на ризиците. НБРМ ја нема надлежноста да постапува по нив, посочуваат од Народната банка и додаваат дека банките доколку има сомнителни трансакции ја информираат Упрвата за финансиско разузнавање, а во Народната банка само информираат дека пријавиле сомнителни трансакции кај Управата, која, пак, нема обврска да ја информира НБРМ. Санкции презема Управата.
НБРМ нема статистика колку такви се пријавени и тоа е динамична состојба која се менува.
Доколку надлежните утврдат дека има незаконски дејствија кај банките, тогаш НБРМ во рамки на своите надлежности презема ригорозни мерки.
НБРМ има комуникација со надлежните институции и веруваат во нивната работа која се базира на меѓународни стандарди.
Ново на Сител
-

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
-

Н1: Студентите на протестот на 28 декември собираат потписи за барање предвремени избори
-

По воведувањето на визи речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора, затворена 31 турска компанија
-

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работи
-

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот
-

Украински дрон погоди една од најпрепознатливите згради во Чеченија
-

Уапсени двајца разбојници кои биле барани и со потерници поради бегство од затвор
