-->
-->
НБА: Шампионскиот прстен за Милвоки
-->
Кошаркарите на Милвоки Бакс ја освоија титулата во НБА-лигата. Во финалето со 4:2 тие го победија тимот на Финикс Санс. Шестиот меч од серијата, во кој блескаше Јанис Адетокумбо, Бакс го доби со 105:98. Ова е втора титула за Милвоки, првата ја освои во далечната 1971 година кога тимот го предводеа НБА-легендите Лу Алсиндор (Карим Абдул-Џабар) и Оскар Робертсон.
Милвоки и Адетокумбо во направија невозможното кога ги загубија првите два натпревара во серијата, победија во наредните четири и ја освоија титулата.
Адетокумбо одигра нестварен натпревар, постигна речиси половина од поените на својот тим. Гркот, кој пред осум години беше избран како 15-ти пик на драфтот, го предводеше тимот со 50 поени. Јанис имаше речиси беспрекорна реализација од линијата за слободни фрлања, погоди 17 од 19 пенали. Овој процент е неверојатен бидејќи во плејофот тој реализира 55,6 отсто од слободните фрлања.
Јанис го раздвижи тимот, кој во првото полувреме имаше двоцифрен минус. Милвоки успеа да направи пресврт, а потоа во второто полувреме Гркот со 32 поена го однесе тимот до титулата.
Двократниот МВП на сезоната беше прогласен за најкорисен играч во финалето.
Крис Мидлтон за Милвоки постигна 17 поени, поен повеќе од Боби Портис, а Џру Холидеј забележа 12 поени, 11 скока и девет асистенции.
Кај Финикс потфрли Девин Букер, постигна само 19 поени, со лоша реализација (8/22, тројки 0/7). Најефикасен кај Санс беше Крис Пол со 26 поени, Џеј Краудер забележа 15 поени и 13 скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб