-->
-->
НБА: Сан Антонио поуспешен од Торонто
-->

Кошаркарите на Сан Антонио ја остварија највисоката победа на осумте натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска. Во дуелот на второпласираните од двете конференции „Спарс“ славеа победа со 28 поени разлика. Тие ја искористија предноста на домашен терен и ја постигнаа осмата победа во серија пред своите навивачи откако на претходните осум дуели имаа скор 4-4 (победи-порази).
Ковингтон донесе победа за Филаделфија против Минесота со кош на 2 десетинки пред крајот на дуелот.
Резултати:
Филаделфија – Минесота 93:91,
Бостон – Јута 115:104,
Детроит – Индијана 116:121,
Далас – Вашингтон 113:105,
Сан Антонио – Торонто 110:82,
Денвер – Сакраменто 113:120,
Феникс – Мајами 99:90 и
ЛА Лејкерс – Мемфис 116:102.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 30-5 (победи-порази), Сан Антонио 28-7, Хјустон 27-9, ЛА Клиперс 23-14, Јута 22-14, Оклахома Сити 21-14, Мемфис 22-15, Сакраменто 15-19,...
Пласман Источна конференција: Кливленд 26-7 (победи-порази), Торонто 23-11, Бостон 21-14, Шарлот 19-16, Атланта 18-16, Милвоки 17-16, Индијана 18-18, Чикаго 17-18,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
