-->
-->
НБА: Расне неславниот рекорд на Филаделфија (0-18)
-->
Кошаркарите на Филалделфија го израмнија најлошиот старт во историјата на НБА лигата, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, тие го загубија и 18-от натпревар од стартот на сезоната. Филаделфија, исто така, е апсолутен рекордер според бројот на последовни порази (вкупно 28 од финишот на минатата и почетокот на оваа сезона) во професионалниот спорт на САД.
Филаделфија 18-от пораз го забележа во Мемфис (92:84). Роберт Ховингтон и Холи Томпсон постигнаа по 12 поени за најлошиот тим во лигата, додека Мемфис (скор во сезоната 10-8) го предводеа Мајкл Конли со 20 и Зек Рендолф со 17 поени и 11 скокови.
Индијана, предводена од Пол Џорџ (39 поени) славеше над Лејекрси со 107:103. Коби Брајант на шест секунди до крајот промаши тројка за израмнување, тој мечот го заврши со 13 поени (4-20 шут од поле). Џордан Кларксон (22 поени, 10 скока, 6 асистенции) и Ник Јанг со 22 поени, беа најефикасни кај ’езерџиите’ кои имаат скор од две победи и 14 порази.
Феникс славеше над Торонто со 107:102, а мечот го одбележа Мирза Телетовиќ кој погоди шест тројки од седум обиди, вкупно постигна 20 поени.
Резултати: ЛА Лејкерс-Индијана 103:107, Њујорк-Хјустон 111:116, Орландо-Босотон 110:91, Бруклин-Детроит 87:83, Мемфис-Филалделфија 92:84. ЛА Клиперс-Минесота 107:99, Шарлот-Милвоки 87:82, Торонто-Феникс 102:107
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување