Кошарка
12. May 2017 - 12:26

НБА плеј оф: Сан Антонио се избори за финале на Запад

Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска во „Тојота Центар“ го совлада домашниот тим Хјустон со 114:75 и со вкупни 4-2 во победи се пласираа во финалето на Западната конференција од НБА лигата.
 
Иако гостинот настапи без повредените Кавај Ленард и Тони Паркер, успеаја да го декласираат противникот на негов терен.
 
Предводник во победата на Сан Антонио беше ЛаМаркус Олдриџ со 34 поени и 12 скока. Џонатан Симонс постигна 18 поени и 4 асистенции, додека Пети Милс имаше 14 поени и 7 асистенции.
 
Кај Хјустон, Тревор Ариза беше најефикасен со 20 поени.
 
Во финалето на Запад, Сан Антонио ќе игра против Голден Стејт.
 
На Исток финале обезбеди Кливленд, а во другата полуфинална пресметка Бостон води против Вашингтон со 3-2 во победи.