Кошарка
16. April 2017 - 10:15

НБА плеј оф: Првакот Кливленд стартуваше со минимална победа над Индијана

Шампионот на НБА лигата Кливленд со минимална победа ја почна серијата во плеј офот. Во натпреварот број 1 Кливленд ја совлада Индијана со 109:108, а Леброн Џејмс постигна 32 поена со 6 скокови и 12 асистенции.

Првиот „брејк“ го направи Милвоки со триумфот над Торонто на негов терен со 97:83, а прв играч на дуелот беше Јанис Антетокумбо со 28 поени.
Џое Џонсон со кош во последната секунда на Јута и донесе победа во дуелот со ЛА Клиперс на гости со 97:95. Џонсон со 21 поен беше најефикасен во својот тим.
Најубедливата победа ја оствари Сан Антонио против Мемфис со 111:82. Најмногу поени постигна Каваи Ленард - 32.