Кошарка
13. May 2016 - 8:32

НБА плеј оф: Оклахома Сити „закажа“ финале на Запад со шампионот

Кошаркарите на Оклахома Сити се пласираа во финалето на Запад откако ноќеска во натпреварот број 6 на домашен терен го победија Сан Антонио со 113:99 и со 4-2 во победи „закажаа“ финале на Запад со првакот Голден Стејт.

Оклахома победата ја најави откако по три четвртини водеше со 91:65. Воедно овој тим ги доби последните четири од петте дуели со Сан Антонио во плеј оф серијата. Кевин Дјурант постигна 37 поени, Расел Вестбрук 28, Адамс имаше 15 со 11 скокови, а Робертсон 14 со 7 скокови.
 
Според најавите од Сан Антонио ова беше најверојатно последниот натпревар за Тим Данкан.
Финалналната серија на Запад меѓу Голден Стејт и Оклахома Сити ќе почне во понеделник на 16.мај.
 
Вечерва се игра дуелот Мајами - Торонто (3-2 во победи за Торонто).