-->
-->
НБА плеј оф: Оклахома Сити изедначи против Сан Антонио
-->
Кошаркарите на Оклахома Сити го изедначија резултатот во победи (1-1) против Сан Антонио откако ноќеска во натпреварот број 2 победија на гости 98:97. Тие сосема заслужено стигнаа до триумфот особено што водеа во текот на целата последна четвртина. Тандемот Расел Вестбрук и Кевин Дјурант беа најзаслужни за победата . Вестбрук постигна 29 поени, а Дјурант 28.
На првиот натпревар од дуелот меѓу Кливленд и Атланта, домашниот тим победи со 104:93 и поведе во серијата со 1-0. Леброн Џејмс кај Кливленд постигна 25 поени, а најефикасен беше Денис Шредер од Атланта со 27.
Вечерва се играат два натпревара: Торонто - Мајами (прв натпревар) и Голден Стејт - Портланд (1-0 во победи).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада