-->
-->
НБА: Мајсторка за Кливленд
-->
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс, кои губеа со 1-3 во финалната серија од НБА лигата, успеаја да изборат мајсторка откако ноќта кон петокот на домашен терен го совладаа бранителот на титулата Голден Стејт Вориор со 115-101, па скорот во победите е израмнет на 3-3.
Кливленд силно влезе во шестиот меч и првата четвртина ја доби со 20 коша разлика (31-11). Во втората четвртина Голден Стејт успеа да се врати во игра, и дојде до минус осум поени, но до полувремето предноста на Кливленд повторно се зголеми на 16 кошеви.
На три ипол минути до крајот на третата четвртина Голден Стејт заостануваше 19 поени, но со серија 8-0 дојде до дофатлива разлика од 71-80. И во последната четвртина Кливленд постојано беше во предност и таа во ниту еден момент не е спушти под седум поени, па така го избори седмиот и решавачки меч кој ќе е игра во недела 19-ти јуни во Окленд.
Кливленд до победата ги предводеше ЛеБрон Џејмс со 41 кош, 11 асистенции и 8 скокови. Кајри Ирвинг додаде 23 поени, а Тристан Томпсон се надоврза со 15 кошеви и 16 скокови.
Кај Голден Стејт најефикасен беше Стефен Кари со 30 кошево, а Клеј Томпсон постигна 25.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат