-->
-->
НБА лига: Одбраната на Сан Антонио го запре шампионот
-->

Кошаркарите на Сан Антонио ја продолжија серијата без пораз на домашен терен во регуларниот дел од сезоната откако пред своите навивачи го совладаа првакот Голден Стејт и со тоа му го нанесоа седмиот пораз сезонава. Сан Антонио ја постигна 35.та победа дома, а двата тима со моменталиниот скор Голден Стејт 62-7 и Сан Антонио 59-10 можат да го изедначат и соборат рекородот на Чикаго Булс од сезоната 1995.96 кога имаше 72 победи и 10 порази.
Сан Антонио натпреварот го доби откако успеа да го запре нападот на Голден Стејт и шампионот само во една четвртина постигна повеќе од 20 поени (17:18; 26:19: 22:28 и 22:14).
Најдобар поединец беше Ламаркус Олдриџ 26 поени и 13 скокови, додека ударниот тандем кај Голден Стејт Стеф Кари и Клај Томсон постигнаа 15 односно 14 поени.
Од другите дуели за одбележување е 14.тиот „трипл-дабл“ за Расел Вестбрук и тоа што Двејн Вејд ја мина границата од 20.000 поени.
Резултати:
Сан Антонио - Голден Стејт 87:79,
Мемфис - ЛА Клиперс 113:102,
Чикаго - Јута 95:85,
Мајами - Кливленд 122:101,
Атланта - Хјустон 109:97,
Вашингтон - Њујорк 99:89,
Индијана - Оклахома Сити 111:115,
Детроит - Бруклин 115:103,
Шарлот - Денвер 93:101.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лишен од слобода 34-годишен гостиварец, осомничен е дека го убил својот татко во семејниот дом
-

НАСА се подготвува за новата мисија со луѓе на Месечината - прва по 53 години
-

Со само 100 денари отклучен уште еден стан во Скопје!
-

Камерите со вештачка интелигенција во Атина започнаа да регистрираат и да испраќаат казни за сообраќајни прекршоци
-

Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП
-

Македонските фудбалери гостуваат во Ирска
-

Иранскиот комитет го одобри нацрт-законот за воведување патарини во Ормуската Теснина
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата
