Кошарка
15. May 2018 - 10:04

НБА: Г.Стејт стартуваше со победа во Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт го добија првиот меч од финалето на Западната конференција во Хјустон со 119-106 и поведоа со 1-0 во серијата до 4 победи.

Клучна фигура на мечот беше Кевин Дурент со 37 поени заедно со Томпсон кој обезбеди 28 коша.
Извонредна партија имаше кај домаќините Харден со 41 поен и 7 асистенции но тоа не беше доволно за успех.
Следниот меч се игра во среда повторно во Тексас.