НБА го смени форматот на „Ол стар“ натпреварот поради Коби
Националната кошаркарска асоцијацијана САД и Канада официјално го објави новиот формат на „Ол стар“ натпреварот. Sвезденото шоу ќе има различни правила оваа година, при што организаторите сакаат на тој начин да му оддадат почит на Коби Брајант и на другите осум жртви на хеликоптерската несреќа.
Како што стана јасно, капитени на двата тима ќе бидат Леброн Џејмс и Јанис Андетокумбо. Првите три четвртини од мечот ќе бидат по 12 минути, и сите ќе почнуваат со резултат 0:0. Победникот на секоја од нив ќе избере јавна организација да добие 100.000 долари во добротворни цели.
По одигрувањето на првите три дела и утврдување на победниците во нив, се додаваат поените на секоја екипа и последната четвртина ќе започне со вкупниот резултат. На поените на тимот, кој во моментот води, ќе бидат додадени уште 24 во чест на Коби Брајант.
На пример, ако резултатот по првите три четвртини е 100:95, 24 се додаваат на 100 и се добива 124. Во овој случај, првиот тим кој ќе постигне 124 поени, без разлика за колку време, е победник во Натпреварот на вездите. Тој ќе добие 200.000 американски долари, кои ќе ги даде на добротворна организација по избор.
Настанот ќе се одржи на 16 февруари во Чикаго.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево