НБА: Блесок на Харден против Клиперси

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА-лигата. Џејмс Харден блескаше против ЛА Клиперс, Бостон ја продолжи победничката низа, ЛА Лејкерс лесно се справи со Голден стејт Ворирос.
Хјустон во својот „Тојота центар“ славеше над Лос Анџелес Клиперс 102:93. Речиси половина од поените на Хјустон ги постигна Џејмс Харден. Брадата, како што го викаат, забележа 47 поени (12/26 за три), шест скока, седум асистенции.
На спротивната страна се истакна Каваи Ленард со 26 поени, 12 скока и седум асистенции. Клиперс последните неколку минути беше без тренерот Док Риверс, кој беше исклучен од натпреварот.
Бостон Селтикс ја запиша деветтата победа во низа. Пред Селтикс падна Вашингтон Визардс 140:133.
Мечот го обележа играчот на Вашингтон, Вредли Бил, со 44 поени. Бостон го предводеа Кемба Вокер (25 поени), Џејсон Тејтум (23 поени).
Лејекрс без многу труд славеше во дуелот со Голден стејт 120:94. Лејекрс на овој меч беше без Ентони Дејвис, но ниту тоа не го спречи да забележи лесна победа.
Леброн Џејмс забележа 23 поени и 12 скока, два поена помалку кај Вориорс постигна Дианџело Расел.
Резултати:
Шарлот-Мемфис 117:119
Орландо-Филаделфија 112:97
Минесота-Сан Антонио 129:114
Портланд-Торонто 106:114
Ново на Сител
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
-

Светски ден на контрацепција: Современа контрацепција користат само 14% од младите жени
-

Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
