НБА: Атланта во „источното“ финале, Феникс поведе на Западот
Кошаркарите на Атланта се пласираа во финалето на Источната конференција во НБА лигата, триумфирајќи во решавачкиот седми натпревар против Филаделфија со 103:96, додека Феникс со победа ја почна финалната серија на Западот, совладувајќи го Лос Анџелес клиперс со 120:114.
Атланта во „мајсторката“ ја предводеше Кевин Хуертер со 27 поени и седум скокови. Тре Јанг оствари дабл-дабл со 21 поени и 10 асистенции, а Данило Галинари уфрли 17 кошеви.
Екипата на Атланта во финалето на Источната конференција ќе игра против Милвоки, кој во полуфиналната серија во седум натпревари го елиминираше Бруклин.
Во финалето на Западот, кошаркарите на Феникс поведоа со 1:0 во серијата до четири победи, откако синоќа на домашен терен го совладаа Лос Анцелес клиперс, предводени од Девин Букер со рекорден трипл-дабл
Феникс е домаќин и на вториот натпревар, што е на програмата ноќта меѓу вторник и среда.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно