Кошарка
5. April 2017 - 10:33

НБА: 60.та победа за Сан Антонио изборена по продолжение

Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска на домашен терен остварија победа што е за нив 60.та сезонава. Тие по продолжение го совладаа Мемфис.

Индијана пак извојуваа значајна победа над Торонто во борбата за пласман во плеј-офот. Во триумфот на домаќинот се истакна Пол Џорџ со дабл-дабл ефект - 35 поени и 10 скока.

Успешна ноќ имаа и водечките во двете конференции, шампионот Кливленд и Годлен Стејт.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќеска:
Кливленд – Орландо 122:102,
Индијана – Торонто 108:90,
Филаделфија – Бруклин 118:141,
Вашингтон – Шарлот 118:111,
Њу Орлеанс – Денвер 131:134, 
Њујорк – Чикаго 100:91, 
Оклахома – Милвоки 110:79,
Сан Антонио – Мемфис 95:89 (по продолжение),
Јута – Портланд 106:87, 
Голден Стејт – Минесота 121:107,
Сакраменто – Далас 98:87.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 64-14 (победи-порази), Сан Антонио 60-17, Хјустон 52-25, Јута 48-30, ЛА Клиперс 47-31, Оклахома Сити 44-33, Мемфис 42-36, Портланд 38-40,... 

Пласман Источна конференција: Кливленд 49-27 (победи-порази), Бостон 50-27, Торонто 47-31, Вашингтон 47-31, Милвоки 40-38, Атланта 39-38, Чикаго 38-40, Индијана 38-40,...