-->
-->
НБА: 50 победи за Г.Стејт
-->

Голден Стејт е првиот тим во НБА лигата кој стигна до 50-та победа оваа сезона. Шампиониот, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, забележа победа во Атланта (102:92). Индивидуално натпреварите во НБА лигата го обележаа Кајл Ловри и Јанис Адетокунбо кои забележаа ’трипл дабл’ во победите на Торонто и Милвоки, над Њујорк, односно ЛА Лејкерс.
Стеф Кари имаше учинок од 36 поени, шест скокови и осум асистенции, а Клеј Томпсон постигна 27 поени во победата на Голден Стејт во Атланта од 102:92. Ал Хорфорд со 23 поени и 16 скокови го предводеше тимот на Атланта.
Детроит славеше над Кливленд (96:88) и ја прекина серијата од пет порази. До 28-та сезонска победа Пистонси ги предводеа Реџи Џексон (23 поени), Кентавијус Колдвел-Поуп (19 поени) и Андре Драмонд (16 поени, 15 скокови).
Кај Кливленд најефикасни беа Кајри Ирвинг со 30 и Кевин Лав со 24 поени.
Мајами, по едно продолжение, ја совлада Индијана (101:93). Горан Драгиќ уфрли 24 поени, а ’дабл дабл’ остварија Хасан Вајтсајд (19 поени, 18 скокови) и Луол Денг (13 поени, 16 скокови). Индијана ја предводеше Пол Џорџ со 31 поен и 11 скокови.
Торонто убедливо го порази Њујорк (122:95), а Кајл Лаури забележа ’трипл дабл’ од 22 поени и по 11 скокови и асистенции.
’Трипл дабл’ оствари и Јанис Адетокунбо (27 поени, 12 скокови, 10 асистенции), во триумфот на Милоки над ЛА Лејкерси (108:101).
Рутинска победа забележаа ЛА Клиперси над Феникс (124:84). Џеј Џеј Редик постигна 22 поени, додека кај Феникс кој го запиша 43-от пораз сезонава Арчи Гудвин постигна 20 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
-

Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма
