НБ: Нето надворешниот долг до 30 јуни 4,48 милијарди евра
Народната банка соопшти дека на 30.6.2024 година, нето надворешниот долг изнесувал 4 481 милион евра или 30,8 отсто од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра или за 2,5 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64 отсто.
Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8 622 милионa евра, што претставува 59,2 отсто од проектираниот БДП за 2024 година. Од овој износ, најголемиот дел или 88 проценти се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 71 отсто се врз основа на сопственички капитал.
-На крајот на вториот квартал од 2024 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.875 милиони евра и забележа квартално зголемување од 76 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се намалија за 33 милиони евра и изнесуваат 7.394 милиони евра. Кварталното зголемување на обврските, при истовремено nамалување на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 109 милиони евра, така што на крајот на јуни 2024 година тој изнесува 4.481 милион евра, наведува Банката.
Во споредба со крајот на 2023 година, бруто надворешниот долг е повисок за 519 милиони евра, или за 4,6%. Притоа, во првата половина од 2024 година, долгот со исклучен ефект од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 400 милиони евра. Остварениот раст е резултат на зголемениот приватен надворешен долг (за 366 милиони евра) и зголемениот јавен долг (за 34 милиони евра). Кај приватниот долг, раст е забележан кај капитално поврзаните субјекти (за 315 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 180 милиони евра), додека долгот на приватните банки бележи намалување (за 129 милиони евра). Во однос на јавниот долг, растот во најголем дел е резултат на зголемените обврски на јавните банки и јавните претпријатија (за 18 милиони евра) и на секторот „држава“ (за 13 милиони евра).
Според Народната банка, во споредба со крајот на претходната година, бруто надворешните побарувања се повисоки за 404 милиони евра. Без ефектот од специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка, бруто надворешните побарувања се зголемени за 162 милиона евра, и тоа како резултат на зголемените приватни побарувања (за 431 милион евра), при намалени јавни побарувања (за 269 милиони евра). Растот на приватните
побарувања произлегува од зголемените побарувања на капитално поврзаните субјекти (за 336 милиони евра) и останатите сектори (за 164 милиони евра), при пад на побарувањата на депозитните институции (за 69 милиони евра).
-Бруто надворешните побарувања, на крајот на вториот квартал од 2024 година, изнесуваат 7.394 милиони евра (или 50,8% од проектираниот БДП) и забележаа квартално намалување од 33 милиони евра (или за 0,4%). Доколку се исклучи ефектот од специфичните активности на централната банка поврзани со управувањето со девизните резерви, бруто надворешните побарувања се зголемени за 81 милион евра и изнесуваат 7.151 милион евра. Оваа квартална промена е резултат на зголемените приватни побарувања за 59 милиони евра и зголемените јавни побарувања за 22 милиона евра. Кварталниот раст на надворешните побарувања кај приватниот сектор е резултат на зголемените побарувања на останатите сектори (за 58 милиони евра), при речиси непроменета состојба на
побарувањата на депозитните институции и на капитално поврзаните субјекти. Растот на јавните побарувања се должи на зголемените побарувања на централната банка, се нагласува во соопштението.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега