Балкан
23. August 2016 - 8:22

Назарбаев пристигнува на посета во Србија

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев ќе престојува од денеска до 25 август во официјална посета во Србија. 

Назарбаев доаѓа по покана од страна на претседателот Томислав Николиќ. 

Николиќ претходно изрази очекување дека посетата на претседателот на Казахстан ќе отвори ново поглавје во економските односи, а потпишувањето на билатералните договори ќе даде нов импулс во реализацијата на конкретни проекти во областа на земјоделството, културата и туризмот.