-->
-->
Навремено спречен терористички напад во Германија
-->
Германски „Шпигел“ пренесува дека полицијата уапсила четворица членови во регионот Рајна-Вестфалија на различни локации. Петтиот член, 30-годишниот Равсан Б., од порано бил во затвор поради нелегално поседување оружје.
Инспекторите се убедени дека групата припаѓала на ќелијата на ИСИЛ и сите пет члена се од Таџикистан. Тие, наводно, се приклучиле на ИСИЛ во јануари 2019 година и биле во контакт со високи членови на таа терористичка организација во Сирија, како и со други ограноци на милитантната група.
Уапсената група првично планирала да се врати во матичната земја за да се бори против тамошната таџикистанска влада, но им било наредено да останат во Германија и да планираат терористички напади во срцето на Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки