Македонија
20. February 2017 - 14:34

Навивачи ја каменуваа Полициската станица Центар, еден приведен

Вчера во 16.50 часот во Скопје, група младинци - најверојатно членови на навивачка група „Комити“, револтирани од приведувањето на нивни членови кои учествувале во нарушување на Јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, кој се одиграл со почеток во 14.00 часот на стадионот „Филип 2“ во Скопје, организирани во две групи, почнале да фрлаат камења и други тврди предмети кон објектот во кој е сместена ПС Центар.
 
Повредени полициски службеници нема и засега не е пријавено оштетување на предмети.
 
Во врска со настанот во ПС Центар приведен е А.З. (19) од Скопје.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.