Навални приведен на московскиот аеродром Шереметјево
Рускиот опозиционер Алексеј Навални откако слета на московскиот аеродром Шереметјево, задржан е во притвор.
Навални и покрај предупредувањето дека ќе биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.
Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.
Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886).
Авионот со кој патуваше Навални наместо на Внуково слета на аеродромот Шереметјево.
Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Претходно, полицијата уапси околу 10 приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални, кои го чекаат на аеродромот Внуково. Меѓу уапсените е и опозициската политичарка Љубов Собољ.
Ново на Сител
-
Заев: Чест ми е што ја добив довербата, ги тргнавме маглата и облаците
-
МФ ќе овозможи на дневна основа да се следат приходите и расходите на буџетот
-
МЗ: „Фајзер-Бионтек“ во 2021 во 4 квартали ќе испорача 800.280 дози вакцини
-
Стоилковски: Дали зад милионските тендери во здравство на Кубис Медикал се крие Синерџи на Горан Филипов?
-
Заев: Имаме направено повеќе од доволно за да постигнеме имунизација
-
„Музикантите во природата“: Започна традиционалниот детски ликовен конкурс на Ладна
-
Реџепи: Владата нема доверба во своето мнозинство и се плаши од она што би го изнела опозицијата во дебата
-
Санкциониран возач кој се движел со 182 км на час во близина на Дебреше