Свет
4. February 2021 - 21:28

Навални ги повика своите приврзаници да ја ослободат Русија од „крадците“

Рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој е осуден на три години затвор, ги повика своите приврзаници да го надминат стравот и да ја ослободат Русија од „крадците“ на власт.

– Тие можат да останат на власт и да ја искористат за свое лично богатење потпирајќи се само на стравот. Но, ние надминувајќи го тој страв можеме да ја ослободиме својата татковина окупирана од оваа група крадци, напиша Навални на Инстаграм.

Во Русија утре почнува судење за Навални за клевета.

Навални на 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор поради кршење на 3,5-годишната условната казна поради што ја финансиски оштетил компанијата Ив Роше. Тој беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше по наводното труење со нервниот гас Новичок.