Наутро студено, во текот на денот сончево со температури до 19 степени

Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозата на УХМР, до сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
