Наумов-Морицки: Улогата на владите е да го отворат патот за бизнис секторот

Приватниот сектор има посебна улога во развојот на економијата, додека главната улога на владите е да го отворат патот за бизнисот и да ја обезбедат неопходната законска рамка таа соработка да може непречено да се одвива, порачале претседавачите со втората седница на Мешовитиот комитет по Договорот за економска и индустриска соработка меѓу Северна Македонија и Чешката Република, заменик-министерот за економија Кире Наумов и неговиот колега Едуард Мурицки.
На седницата се разговарало за зајакнување и понатамошен развој на билатералната економска соработка, а договорени се активности во повеќе сегменти како: трговија, инвестиции, МСП, финансии, транспорт и ИТ; енергија, индустрија и минерални суровини; земјоделство, туризам и животна средина, соопшти Министерството за економија.
Во делот на трговијата двете страни се согласиле дека обемот на трговска размена ги рефлектира реалните потенцијали на двете земји, при што, стои во соопштението, можеме да пофалиме со континуиран раст. Размената изнесува 157,2 милиони евра во 2017 и 186,2 милиони евра во 2018 година, што претставува зголемување од 18,4 проценти, при што извозот е зголемен за 22,3 проценти (66,1 милион евра во 2018, а 54,1 милион евра во 2017). Увозот во 2017 е 103,1 милион евра, а во 2018 е 120.1 милион евра, при што остварен е пораст од 16,4 проценти.
На пленарната сесија е потенцирана важноста од целосно искористување на економските, трговските и индустриските можности, како и потребата од зајакнување и диверсификација на билатералната трговија преку различни активности од типот на размена на бизнис-делегации, форуми, трговски посети, вклучувајќи ги бизнис-асоцијациите и деловните здруженија од двете земји.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
