Наум Стоилковски: Љубомир Јовески сака целосно да го преземе СЈО

Институцијата со чија помош беше извршен милионски рекет и од чија што сметка беа исплаќани милионски суми на лица блиски до власта, лицата одговорни за прогонот врз опозицијата и политичките неистомисленици на Зоран Заев, денеска се спасуваат со обид на власта на мала врата целосно да се претопат во ЈО.
ЈО на Љубомир Јовески наместо истраги кон СЈО денеска целосно сака да го преземе СЈО, онака како му е наметнато од власта.
И сето тоа да помине без одговорност за аферата КЕШ, да нема одговорност за незаконското работење, нема одговорност за расипничкото трошење на милионите пари од буџетот, а и сето тоа да заврши без резултат.
Власта и ЈО се уште ги нема суспендирано обвинителите и полициските службеници кои земале илјадници евра од сметката на СЈО. И покрај излегувањето на аферата КЕШ во јавноста власта не презема конкретни чекори за милионската афера. Наместо одговорност денеска во Собранието, владата пушта предлог закон со кој што СЈО преоѓа кај молчаливиот РЈО Љубомир Јовески.
Статусот на вработените во СЈО требаше да се реши со нов закон за јавно обвинителската сфера.
Ова е гол обид на Власта вака да ги спасува роднините и блиските на СДСМ непотистички вработени во СЈО. Власта на овој начин сака да го премости носењето закон за ЈО сфера еден од условите за датум, на начин без опозицијата, без консензус, без договор, без прифаќање на 4те постулати за кои веќе ги прифатија а беа поднесени од страна на опозицијата како дел на новиот закон за ЈО сфера по теркот на светските норми.
Очекуваме одговорност за сите инволвирани во незаконските и расипнички дејствија во изминатиот период од СЈО. Доколку тоа не се случи сега, со сигурност ќе се случи по 12 април, кога со Обновата ќе се врати и правната држава.
Ново на Сител
-

Синдром на „златно дете“: Како родителското фаворизирање остава невидливи лузни
-

Гутереш: Адаптацијата кон климатските промени мора да биде главен приоритет на владите
-

Кибер-криминалците бараат стотици илјади евра откуп, Германија главна цел во ЕУ
-

ЦУК: Со поддршка од НАТО, започнува модернизација на системот за управување со кризи
-

Кривични против сопствениците и управителите на две фирми, незаконски се стекнале со над 50 милиони денари
-

ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
