Науката докажа: Секој родител има „омилено“ дете
Цел живот зборувате дека сите деца ги сакате подеднакво, но тоа всушнот е голема лага…Науката потврди дека родителите сепак имаат фавроти меѓу своите деца. Социологот Катарина Когер спроведе истражување, кое го докажува она во што сите ние еднаш сме се посомневале.
Когер и нејзиниот тим истражувачи следеле 384 семејства, чии деца се родиле во период од четири години. Тие откриле дека дури 74 отсто од мајките и 70 отсто од татковците имаат поинаков третман кон своите деца.
– Нашата хипотеза беше дека родителите на прво место ги ставаат помалите деца, поради нивните години и вниманието, кое постојано им е потребно, изјави Когер.
Меѓутоа истражувањето покажало дека ова мислење е целосно погрешно. Првородените деца се тие, кои родителите ги фаворизираат, додека помладитее деца често пати се чувствуваат запоставено, што влијание врз нивната самодоверба.
По добиените резултати, научниците сфатиле дека помпадите деца не добиваат посебен третман, бидејќи нивните браќа или сестри имале можност сите форми на активности да ги пробаат први и со тоа да ги воодушеват родителите.
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме