-->
-->
Научник од НАСА го шокираше светот: Пристигнува најстрашниот студ досега, земјата наскоро ќе биде во ледена прегратка
-->

Сончевите пеги недостасуваат во речиси сите претходни месеци од 2018 година, а ултравиолетовото зрачење нагло опадна. Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека набрзо ќе пристигнат големи студови со рекордно ниски температури.
"Трендот на ладење е очигледен", вели Мартин Млинчак од истражувачкиот центар "Ленгли". "Високо над Земјината површина, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Доколку сегашните трендови продолжат, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, односно најстудени во космичката ера".
Овие податоци ги открил инструментот "Сајбер" на сателитетот "Тајмд" на НАСА. Тој ги следи емисиите на јаглерод диоксид и азот оксид, две супстанци кои играат важна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.
Со мерењето на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, "Сајбер" може да ја утврди топлотната состојба на гасот на самиот врв од Земјината атмосфера, односно во слојот кој научниците го нарекуваат термосфера.
"Термосферата секогаш се лади во текот на сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кои 11-годишниот сончев циклус влијае на нашата планета", објаснува Млинчак.
Кога 11-годишниот циклус се приближува кон крајот, термосферата е близу до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека "тоа би можело да се случи за неколку месеци".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања