Научниците откриваат: Поделбата на лева и десна хемисфера на мозокот не постои

Се чини дека идејата за различните улоги на левата и десната хемисфера на мозокот е резултат на потребата на човекот реалноста да ја гледа поедноставено, како и резултат од стигмата која ја следи леворакоста. Овие верувања се резултат на погрешно толкување на истражувањата, наградени со Нобелова награда.
Додека мал број на луѓе можат да тврдат дека се добро упатени во нијансите на невронауката, се чини дека една идеја за човечкиот мозок го сврте вниманието на јавноста повеќе од другите. Вообичаено е верувањето дека левата и десната страна на мозокот имаат спротивен сет на вештини и способности. Многу луѓе веруваат дека десната страна на мозокот е центар на креативноста и емоциите, додека се смета дека левата страна служи за контрола на креативноста и логиката. Меѓутоа, наспроти оваа перцепција за левата и десната страна на мозокот, таа едноставно не е точна.
Џефри Андерсон, водечки научник на Универзитетот Јута, спроведе истражување на над 1000 луѓе и нивните мозоци, за да спореди на кој начин функционираат различните страни на мозокот. Тој за BBC Trending изјави дека истражувањето кое го спровел, потврдило дека дихотомијата лево-десно, креативно-логично, е обичен мит.
Андерсон изјави: „Извесно е дека некои луѓе имаат повеќе изразен методолошки, логичко-когнитивен стил, додека кај другите повеќе е изразен неихибираниот, спонтан стил. Во секој случај, ова ни на едно ниво не е поврзано со различни функции на левата и десната хемисфера на мозокот‟.
„Идејата која ја наметна поп културата (креативната наспроти логичките особини), нема поддршка во невронаучната заедница и со децении поттикнува истражувања за организацијата на мозокот, за функционалната улога на двете хемисфери на мозокот и доказите од пациентите со лезии во едната или другата хемисфера на мозокот‟ - додава Андерсон.
Од каде тогаш потекнува таа идеја? Едноставен одговор може да биде дека луѓето имаат тенденција да уживаат во поедноставени верзии на реалноста преку која го гледаат светот.
Друга причина може да биде резултат на стигмата која е поврзана со леворакоста. Историски гледано, не било вообичаено децата да бидат казнувани ако пишуваат со лева наместо со десна рака, а сето тоа со социјалната стигма и страв од непознато, што често било афирмирано преку верските убедувања. Во англискиот јазик, зборот лев потекнува од англосаксонскиот јазик и значи слаб.
Истражувањето кое потврдило дека мозокот има одвоена лева страна од десна страна е наградено со Нобелова награда во 1981 година. Ова истражување не се припишува на логичко-емоционалните вредности на овие половини, но сепак, популарната наука и популарната култура почнале да го асимилираат ова убедување, било поради недоразбирање, било поради погрешно толкување.
Ново на Сител
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
-

Соопштение на МВР на Србија по киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски
