Научниците конечно открија што е постаро – кокошката или јајцето

Одговорот на прашањето кое ги мачеше сите научници – што е постаро, кокошката или јајцето, конечно го најдоа научниците од Уницерзитетот Шефилд и Варвид, пишува британски Дејли Меил.
На најчестото поставувано прашање, најголем број од луѓето одговарале дека тоа е јајцето, со објаснување дека на тој начин дури и диносаурусите дошле на свет.
Но, научниците имаат поинаков одговор на „вечното“ прашање.
Нивното истражување покажало дека лушпата на јајцето од кокошка може да настане само од протеин кој се создава во јајниците на кокошката, што значи дека кокошката морала да постои пред јајцето.
Како што објаснуваат научниците, тој протеин се вика OC-17 и делува како катализатор кој го забрзува развојот на лушпата, а тврдата лушпа е потребна за да ја заштити жолчката од која се развива пиле.
Научниците во истражувањето користеле суперкомпјутер HECToR за да можат да ја зумираат внатрешноста на јајцето и да го следат неговиот развој.
Откриле дека протеинот OC-17 е клучен за поттикнување на кристализацијата во раните стадиуми на развојот на лушпата, на тој начин што го претвора калциумот карбонат во кристали калцит кои ја создаваат лушпата.
Кристалите калцит инаку може да се најдат и во коските и оклопите на разни животни, со тоа што кај кокошката тој се создава побрзо и произведува шест грама лушпа за 24 часа.
Ново на Сител
-

Апсење во Прилеп: Сомненија за проневера во прилепската болница
-

84 годишен дедо со нож се обидел да убие жена во хотел во Куманово
-

Трагедија во Прилеп: Починато осумдневно бебе
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
